Дома Топ вести Јунајтед не ја исклучува можноста да го продаде Погба

Јунајтед не ја исклучува можноста да го продаде Погба

Раководството на Манчестер Јунајтед не ја исклучува можноста да го продаде Пол Погба до крајот на преодниот рок.

Во клубот се уште се надеваат Погба да потпише нов договор бидејќи актуелниот му истекува на крајот на сезоната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Доколку тоа не се случи, нема да биде изненадување ако Французинот си замине од „Олд Трафорд“ во последните деновуи од трансфер пазарот.

Погба на фантастичен начин ја отвори сезоната и покажа дека е во исклучителна форма. Меѓутоа, се уште не потпишал нов договор, а Јунајтед сака да ја избегне можноста да го загуби без пари.

„Црвените ѓаволи“ му понудија нов договор до плата од 400.000 фунти неделно, со што Погба ќе стане најплатен фудбалер во Премиер лигата, меѓутоа се уште нема одговор од играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…