Дома Топ вести Белоти пред трансфер во Интер

Белоти пред трансфер во Интер

Главна цел на Интер до крајот на преодниот рок ќе биде доведување на квалитетен напаѓач.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со оглед на потешкотиите во преговорите со Кореја, Интер сега се насочи кон италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти.

„Петолот“ влезе во последната година од договорот со Торино, па поради тоа Интер може да го доведе за поволна цена.

„Скај Италија“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и вкупната цена на трансферот ќе изнесува 20 милиони евра.

Торино е спремен да го пушти за таа цена, а првата понуда на Интер изнесува 15 милиони плус 5 милиони како бонуси.

Белоти е еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, па сигурно ќе биде големо засилување за „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…