Фановите на Барса ја покажаа љубовта и почитта кон својот идол Лео Меси за време на синоќешниот дуел со Реал Сосиедад.
Навивачите носеа дресови и транспаренти посветени на Аргентинецот, кој минатата недела го напушти клубот и се пресели во ПСЖ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кулминацијата беше во 10-та минута кога сите присутни на „Камп Ноу“ почнаа да го скандираат името на Меси и ги подигнаа дресовите со број 10, кој го носеше Аргентинецот.
Пред мечот навивачите го изразија незадоволството од претседателот Жоан Лапорта со транспаренти: „Меси е во Париз, а ти си во Ибица“, „Лапорта ти си Јуда кој го предаде D10S“.
Barca fans chanting Messi’s name at the 10’ minute mark pic.twitter.com/wHN2HaAgvQ
— MessiTeam (@Lionel10Team) August 15, 2021