Дома Фудбал Останато Гвардиола изгуби од Лестер, па ги критикуваше УЕФА и ФИФА

Гвардиола изгуби од Лестер, па ги критикуваше УЕФА и ФИФА

Манчестер Сити вчера изгуби во финалето на Комјунити Шилд од Лестер со 1:0.

Со голот на Келечи Инхеначо Лестер стигна до трофејот иако Сити беше голем фаворит.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола после натпреварот ги критикуваше УЕФА и ФИФА, обвинувајќи ги дека тие се виновни затоа што неговата екипа не е спремна.

„Повторно доцниме затоа што УЕФА и ФИФА не овозможија одмор на фудбалерите. Чекам да ми дојдат седум-осум играчи. Родри одработи само два тренинзи, Лапорта е во изолација…Ќе мора да бркаме резултати и покрај тоа што не сме на нашето највисоко ниво. Така минатата година изгубивме од Вулверхемптон и примивме пет голови од Лестер“, изјави Гвардиола.

Сезоната во Англија започнува наредната недела, а Сити одбраната на титулата ќе ја започне на гости кај Тотенхем во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…