Германскиот шампион Баерн Минхен повторно може да добие засилување од Лајпциг.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тренерот Јулијан Нагелсман одлично ги познава квалитетите на Марсел Сабицер со кого и соработуваше, па сега сака да го доведе и на „Алијанц Арената“.
Сабицер веќе е во последната година од договорот и според информациите на германските медиуми сака да ја промени средината. Наводно, Лајпциг со оглед на тоа што влегува во последната година од договорот е спремен да преговара за негова продажба за околу 20 милиони евра.
Кога се личните услови на Сабицер во прашање наводно Баерн му спрема договор со важност до 2026 година, финансиски детали засега не се објавуваат. Претходно интерес за Сазбицер поокажаа Ливерпул и Милан.