Дома Трансфер зона Виери: После Халанд Влаховиќ е најдобар во својата генерација

Виери: После Халанд Влаховиќ е најдобар во својата генерација

Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ доби големи пофалби од Кристијан Виери.

Влаховиќ е на мета на повеќе европски клубови, но тој се уште е во Фиорентина. Во минатата сезона беше одличен и постигна 21 гол на 37 натпревари.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Виери смета дека само Ерлинг Халанд во овој момент е подобар напаѓач од Влаховиќ во неговата генерација.

„Влаховиќ после Халанд е најдобар напаѓач во Европа во својата генерација. За него не е проблем да постигна 20 голови во сезона, што не е мала работа“.

Договорот на Влаховиќ со Форентина е до 2023 година, но во овие моменти се работи на продолжување на тој договор. Се шпекулира дека во новиот договор ќе има клазула од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…