Дома Тенис Зверев му го сруши олимпискиот сон на Ѓоковиќ

Зверев му го сруши олимпискиот сон на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ остана без шанси да се бори за златото на Олимписките игри, откако во полуфиналето загуби од Александар Зверев (2:1).

Ѓоковиќ се обидуваше да постигне уникатен подвиг и да стане првиот тенисер во историјата кој истовремено ги држел сите четири гренд слем титули и олимпиското злато.

Меѓутоа, Зверев направи подвиг и успеа да го победи најдобриот тенисер во светот во полуфиналето.

Српскиот тенисер одлично го започна мечот, релативно лесно го освои првиот сет со 6:1, во вториот имаше брејк предност (3:2), но потоа Зверев заигра одлично и израмни на 1:1.

Во одлучуваќкиот сет Германецот поведе со 4:0 и лесно до крајот ја чуваше предноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Штип пред домашно деби во ЛШ: Орион доаѓа со три сета предност

Штип УГД вечерва од 18 часот го пречекува Орион Старс во квалификацискиот реванш. Македонс…