Дома Тенис Ѓоковиќ го победи, па Боливиецот му ја бараше маицата 🎥

Ѓоковиќ го победи, па Боливиецот му ја бараше маицата 🎥

Новак Ѓоковиќ е една од најголемите ѕвезди на Олимписките игри во Токио, голем број спортисти сакаат да се сликаат со Ноле, а посебна можност имаше Уго Делиен Боливиецот кој денес играше против Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ беше асполутен фаворит и таквата улога ја потврди со победата од 2:0 во сетови (6:2, 6:2) за само еден час игра. И покрај поразот Делиен беше расположен затоа што имаше прилика да биде заедно на теренот со еден од најдобрите на сите времиња.

По завршувањето на мечот тој ја побара маицата од Ѓоковиќ. На теренот тоа не се случи, меѓутоа веројатно се случило во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…