Леонардо Спинацола беше еден од најдобрите фудбалери на Италија на Европското првенство, но фудбалерот на Рома заработи тешка повреда во натпреварот против Белгија.
Спинацола беше успешно опериран во Финска, а со оглед дека повредата на Ахиловата тетива е една од најтешките во спортот го чека долга пауза. Тоа е проблем и за Жозе Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За италијанските медиуми Мурињо изјави дека не очекува враќање на Спинацола пред јануари.
„Спина за жал го чека долга пауза, не очекувам да се врати пред јануари“, изјави Мурињо.
Мурињо е во потрага по негова алтернатива, а како можна опција е споменуваше и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.