Дома Видео Иако не е омилен кај љубителите на фудбалот, Кјелини со овој потег покажа дека и на 37 години е еден од најдобрите дефанзивци

Иако не е омилен кај љубителите на фудбалот, Кјелини со овој потег покажа дека и на 37 години е еден од најдобрите дефанзивци

Италија Европското првенство го отврои со одлична игра и убедлива победа против Турција. На Олимпико Аѕурите славеа со 3:0.

Иако не го понесе епитетот играч на натпреварот, фантастичен во последната линија беше Џорџо Кјелини, кој без дилеми е еден од најдобрите стопери на светот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Кјелини не е омилен играч помеѓу фудбалските симпатизери, но нема дилема дека се работи за квалитетен играч и вистински лидер и капитен.

Иако за неколку месеци ќе наполни 37 години против Турција ја покажа својата сигурност и доколку не заработи некоја повреда Италијанците со него во последната линија сигурно ќе стигнат далеку.

Импресивната партија Кјелини ја заврши со перфектен старт на Јилмаз кој го прослави како да постигнал погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Голема чистка на „Олд Трафорд“: Манчестер јунајтед планира да заработи 200 милиони фунти

Манчестер Јунајтед се подготвува за темелна трансформација на тимот во претстојниот летен …