Дома Топ вести Интер и Јувентус водат битка за Пјаниќ

Интер и Јувентус водат битка за Пјаниќ

Каталонските медиуми пренесуваат дека Миралем Пјаниќ на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Жоржињо Вајналдум се очекува да пристигне на „Камп Ноу“ како слободен агент. Тоа значи дека за Миралем Пјаниќ повеќе нема место во тимот и дека на лето ќе мора да си бара нов клуб.

Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, а со доаѓањето на Вајналдум неговата минутажа додатно ќе се намали.

Најсилен интерес за Пјаниќ покажуваат Јувентус и Интер, а и самиот фудбалер сака да се врати во Серија А.

Барселона има потреба од финансии, па го стави 30-годишниот плејмејкер на продажба. Каталонците можат да прифатат позајмица со задолжителен откуп, или трампа со некој друг фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…