Дома Фудбал Останато Бензема: Зидан е величенствен човек, жалам што заминува

Бензема: Зидан е величенствен човек, жалам што заминува

Карим Бензема денес изјави дека жали поради заминувањето на Зинедин Зидан од Реал Мадрид.

Зидан имаше договор со Реал до 2022 година, но одлучи да спогодбено да го раскине. Французинот така по втор пат си замина од Реал откако не успеа да ја одбрани титулата во Ла Лига и сезоната ја заврши без трофеј.
Бензема со Зидан помеѓу останатото освои три титули европски шампион и две титули во Ла Лига.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Зизу секогаш беше покрај мене, ме поддржуваше и ми помогна да го достигнам ова ниво. Му благодарам за секој ден. Секако дека сум разочаран што го напушта Реал, тој е одличен тренер кој освои многу трофеи. Кога е човечката страна во прашање тој е перфектен, би го опишал и како величенствен. Но тоа е што е, животот продолжува“, изјави Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најубавата фудбалерка во светот танцуваше поради титулата во Серија А (Видео)

Швајцарската фудбалерка Алиша Леман со своите соиграчки од Јувентус ја освои титулата шамп…