Дома Топ вести Перез веќе го избра новиот тренер на Реал Мадрид

Перез веќе го избра новиот тренер на Реал Мадрид

Зинедин Зидан одлучи да го напушти тренерското столче во Реал Мадрид.

Францускиот тренер се одлучи да замине од клубот, а официјална потврда се очекува во следните неколку часа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Веќе на големо се шпекулира за потенцијалниот наследник на Зизу, а како што стојат работите, нов тренер на Реал Мадрид би требало да биде Италијанецот Макс Алегри.

АС и Скај Спорт тврдат дека Алегри во наредните денови ќе биде именува за нов тренер на кралскиот клуб. Тој е првиот избор на Флорентино Перез пред Антонио Конте и Раул Гонзалез.

Алегри во последниот период најчесто се поврзуваше со клупата на Јувентус, меѓутоа неговиот агент веќе бил во Мадрид и Реал е подготвен да го именува за нов тренер.

Од друга страна, Зидан би можел да седне на клупата на Јувентус, па со тоа и двата клуба ќе почнат нова ера со нови тренери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе не тренира денови пред реваншот против Баерн

Килијан Мбапе не тренираше со Реал Мадрид денеска поради последиците од ударот кој го доби…