Дома Останати Ракомет Чупиќ: Сите во Европа беа љубоморни на Вардар

Чупиќ: Сите во Европа беа љубоморни на Вардар

Иван Чупиќ кој долги години беше дел од Вардар и еден од поважните ракометари во големите успеси од наредната сезона ќе игра во дресот на ППД Загреб.

Од претходно е познато дека Чупиќ ја игра последната сезона за Вардар. Денес Чупиќ гостуваше во „Сител“ и зборуваше за моментите во Вардар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Си заминувам со прекрасни спомени од Скопје. Тука се чувствувам како дома, Сергеј Самсоненко направи еден фантастичен проект“.

Зборуваше за времето кога Металург беше силен.

„Брендот на македонскиот ракомет започна од Металург. Потоа дојде брендот на Вардар со Самсоненко, со салата со се што направи. Сите во Европа беа љубоморни на Вардар, на се што ни овозможи Сергеј, многу сум среќен што бев во клубот во тој период“, изјави Чупиќ.

Доби прашање Чупиќ и за одлуката да го избере ППД Загреб како следен чекор.

„На секој хрватски ракометар желба е да заигра за ППД Загреб“, одговори Чупиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…