Дома Топ вести „ЕСПН“: Меси донел конечна одлука!

„ЕСПН“: Меси донел конечна одлука!

Eден од најголемите медиуми во светот „ЕСПН“ повикувајќи се на информации блиски до фудбалерот објави дека Лионел Меси донел конечна одлука да потпише нов договор и така да остане во Барселона.

За осум дена истекува договорот на Аргентинецот. Минатото лето Меси јавно побара клубот да му го раскине договорот поради несогласувањата со тогашниот претседател Хозе Марија Бартомеу. Подоцна Бартомеу замина, а на негово место на претседателската функција се врати Жоан Лапорта. Од тогаш работите се промениле.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси сега е задоволен и верува дека Лапорта е вистинскиот човек за Барселона да ја врати на победничките патеки. Шпекулациите се дека Меси ќе добие нов договор со помала плата, но тој ќе го обврзува со Барселона до крајот на кариерата. Во договорот ќе постои и клазула според која може да замине во САД, а да се врати во клубот со место во раководството.

Како и да е многу брзо се очекува да се огласи Меси и тогаш работите ќе бидат појасни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дефинитивно има проблем: Погледнете како Салах се однесуваше кон Клоп 🎥

Eдна од главните теми во фудбалскиот свет е караницата помеѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах …