Манчестер Јунајтед претходно обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, па затоа, но и поради густиот распоред против Лестер „црвените ѓаволи“ играа со резервен состав.
Јирген Клоп застана во одбрана на своите ривали поради таквата ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јунајтед играше токму во таков состав како што очекував. Што друго можат кога играат во ритам недела-вторник-четврток? Тоа што им го прават е злосторство, вистински криминал. Нема зошто да се обвинува Оле. На негово место секој би го направил истото“, изјави Клоп.
Утре Ливерпул игра токму пртови Манчестер Јунајтед во дербито на колото.