Tимур Дибиров и наредната сезона ќе игра во Вардар, рускиот интернационалец потпишал нов едногодишен договор со црвено-црните.
Дибиров беше мета на повеќе клубови, меѓутоа тој одлучи во преговорите да му даде предност на Вардар и на крајот се договори да го продолжи престојот во Скопје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така тој ќе продолжи да испишува историја во дресот на Вардар каде што игра од 2013 година кога пристигна од Чеховски Медведи. Секако негов најголем успех се двете европски титули.
Претходно беше потврдено дека за следната сезона остануваат Филип Талески и Гоце Георгиевски, а како нови засилувања досега се потврдени Едуардо Гурбиндо, Дарко Ѓукиќ, голманот Мартин Томовски, Анте Кудуз и Јан Чувара. Ќе потсетиме ќе има и промена на тренерската клупа затоа што Стевче Алушовски ќе си замине.