Дома Топ вести Кутињо се сели во Серија А

Кутињо се сели во Серија А

Новиот претседсател на Барселона, Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо, па веќе ја одреди и неговата цена.

Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.

Поради тоа Барселона е спремна да го продаде Кутињо за „само“ 40 милиони евра, а таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти Јувентус и Милан.

Најсилен интерес покажува „старата дама“, бидејќи Пирло е во потрага по квалитетен плејмејкер.

„Бјанконерите“ се спремни да ја платат сумата од 40 милиони евра, па веќе стапиле во контакт со агентот на Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…