Давид Алаба на лето ќе стане слободен играч и како што е веќе познато ќе го напушти Баерн Минхен.
Неодамна Австриецот потврди дека ги игра последните месеци во дресот на Баерн и од лето ќе стане слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се уште не е потврдено името на клубот, меѓутоа според последните информации Алаба кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид или Барселона. Се шпекулира дека зависи од тоа кој ќе понуди подобри услови.
Новинарот на „Скај“ Мак Биелфилд пренесува дека Алаба одбил богати понуди од ПСЖ и Челзи и е решен кариерата да ја продолжи во Шпанија.
Целта на Алаба е да заигра во еден од двата шпански гиганти, сега останува да се види кој ќе биде тоа.