Трофејниот италијански тренер, Масимилиано Алегри после подолго време се огласи во медиумите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алегри имаше големо интервју за „Скај Италија“ во кое зборуваше за својата иднина, но и за фудбалерите кои имал шанса да ги тренира, а посебно се осврна на Роналдо.
„Роналдо е исто така човек и може да погреши, но малкумина се како него. Силата на Роналдо е во тоа што тој е програмиран да победува. Веќе освои 5 Златни топки, толку многу титули, но се уште наоѓа начин и секој ден е мотивиран се повеќе“, изјави Алегри.
Италијанскиот тренер потоа зборуваше за најдобрите напаѓачи во светот и посебно го пофали Бензема.
„Левандовски прави неверојатни нешта. Халанд е добар, но треба да работи уште многу за да стигне до тоа ниво. Ибрахимовиќ во последно време игра како класичен напаѓач, претходно играше по цел терен и правеше на другите да им биде полесно. Според мене Бензема е најдобриот, колку години е во Реал и секогаш е на врвот. Клубот може да донесе многу други напаѓачи, но тешко дека некој ќе го замени Бензема“, истакна Алегри.