Франк Кеси игра уште една фантастична сезона во дресот на Милан и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска со актуелниот договор е врзан со Милан до 2022 година, а „росонерите“ веќе му понудија продолжување на соработката до 2026 година.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ситуацијата ја следат Реал Мадрид и ПСЖ, но после одличниот настап на „Олд Трафорд“ интерес за Кеси покажаа и неколку англиски клубови.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека 24-годишниот играч за врска има понуди од неколку клубови, но негов приоритет е да остане во Милан и веќе започнал преговори за продолжување на соработката.