Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо потврди дека клубот е во напредни преговори со Нејмар и Мбапе за продолжување на соработката.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорите на Нејмар и Мбапе истекуваат во јуни 2022 година, па ПСЖ сака до крајот на сезоната да се реши иднината на двете ѕвезди.
„Што се однесува до Нејмар, на вистинскиот пат сме. Но, се ќе биде завршено кога ќе стави потпис, а тоа се уште не се случило“, изјави Леонардо.
„Преговорите со Мбапе се малку покомплицирани. Разговараме веќе подолго време. Ќе дојде момент кога ќе мораме да заземеме позиција, да донесеме одлука. Мислам дека се повеќе се приближуваме до тој момент“, изјави спортскиот директор, кој потврди дека клубот сака да ги продолжи договорите и со Ди Марија и Бернат.