Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има можност да остане на Бернабеу.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неодамна бројни медиуми објавија дека Рамос ќе се пресели во Манчестер Јунајтед и го напушта Реал поради неможноста да се најде заеднички јазик со претседателот Перез.
Но, се чини дека работите се промениле, откако дошло до напредни преговори на релација Рамос-Реал, а во нив директно се вклучил претседателот Перез.
Рамос го побарал Перез да го праша за здравствената состојба бидејќи е позитивен на коронавирус, а во таа прилика разговарале и за иднината на Рамос.
Исто така, Перез подоцна имал уште еден телефонски разговор со капитенот и сега многу поизвесно е дека ќе остане во клубот отколку да го напушти. Нормално, Реал мора да ги исполни и барањата на Рамос, на кој договорот му истекува по крајот на сезоната.