Европскиот шампион Баерн Минхен успешно го започна настапот на Светското клупско првенство и се пласираше во финалето.
Баварците немаа поголеми проблеми во полуфиналето и со 2:0 го совладаа тимот на Ал Ахли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Херој за Баерн и овој пат беше првата ѕвезда на тимот, Роберт Левандовски, кој ги постигна двата гола.
Баерн одлично го отвори мечот и поведе уште во 17-та минута, кога Левандовски погоди на асистенција на Гнабри, а со тој резултат се замина на одмор.
Во второто полувреме продолжи доминацијата на европскиот шампион, а конечните 2:0 повторно беа дело на Полјакот во 86-та минута.