Mенаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е негативно изненаден од коментарот на стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп дека „граѓаните“ сезонава имале повеќе одмор од неговиот тим.
Клоп после поразот од Брајтон испрати „отровна стрела“ кон големиот ривал истакнувајќи дека Сити поради коронавирусот паузирал две недели, додека од друга страна неговиот тим немал никаков одмор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За одговор од „Етихад“ не се чекаше долго и дојде пред дуелот на овие два тима во недела на „Енфилд“.
„Јирген нека го погледне добро календарот. Ако убаво проверите ќе видите дека не сме паузирале две недели, тука два месеци. Погреши. Паузиравме два, три, четири месеции…Затоа сме помеѓу првите четири тима на табелата“, саркастично искоментира Пеп.
Потооа беше посериозен.
„Тој знае дека тоа што го кажа не е вистина. Но, луѓето некои работи ги прават со причина. Сепак, не го очекував тоа од него. Кога ќе се видиме ќе му кажам колку недели сме биле слободни“, изјави Гвардиола.