Масимилијано Алегри својата тренерска кариера најверојатно ќе ја продолжи во Рома.
Алегри скоро две години е без ангажман откако заработи отказ во Јувентус, но се чини дека конечно одлучил да се врати на тренерската клупа. Веќе неколку дена се пишува за тоа дека Алегри пристигнува во Рома, но по крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми објавија дека Алегри потпишал преддоговор со римскиот клуб, но одлучил на лето да го преземе клубот за да има време да ја направи екипата како што тој посакува.
Челниците на Рома бараа веднаш да го замени Фонскеа, но на крајот е одлучено Португалецот да остане во Рома до крајот на сезоната.
Сега се појави и видео на кое се гледа дека Алегри имал состанок со спортскиот директор на Рома, каде ги договориле сите услови во неговиот договор.
🎥 #Roma – C'era anche Massimiliano #Allegri nell'hotel dov'e presente il Dg giallorosso #Pinto: l'ex tecnico della Juve è il nome più caldo in caso di divorzio in panchina con #Fonseca 📲 @calciomercatoit pic.twitter.com/AcMWBbAKsv
— Giorgio Musso (@GiokerMusso) January 29, 2021