Дома Останати Корисниците на „А1 Македонија“ ја добиваат „Арена Спорт“, но остануваат без „Спорт Клуб“

Корисниците на „А1 Македонија“ ја добиваат „Арена Спорт“, но остануваат без „Спорт Клуб“

Спортскиоте телевизиски канал „Арена Спорт“ ќе биде достапен на корсниците на „А1 Македонија“ потврдија од телекомуникацискиот гигант.

Како што е објавено каналите на „Арена Спорт“, 1,2,3,4 и 5 ќе бидат бесплатно достапни од февруари до април, а потоа ќе бидат дел од пакетите на мрежата. Тогаш ќе биде направена промената и лошата вест за спортските фанови, „Арена Спорт“ ќе биде на местото на „Спорт Клуб“ чии што канали ќе се повлечат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кaко компанија која секогаш е насочена кон збогатување на своето портфолио на производи и услуги, со цел усовршување на корисничкото искуство, воведувањето на Arena Sport каналите го гледаме како голема придобивка за нашите корисници кои следат спортски содржини. Сите обожаватели на најважната споредна работа во светот, фудбалот, ќе имаат можност да ги следат ексклузивните содржини кои ги нуди Arena Sport, пред сè, UEFA Лигата на шампиони, и веруваме дека отсега ќе уживаат уште повеќе токму со овие спортски содржини“, изјави извршниот директор на А1 Македонија, Методија Мирчев.

Ова значи дека оние кои се претплатници на „А1 Македонија“ нема да можат да ги гледаат натпреварите од англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига. Ла Лига од следната сезона се сели на Арена Спорт, додека „Спорт Клуб“ нејзиното место ќе го пополни со Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…