Дома Останати Ракомет Чупиќ го напушта Вардар и се враќа во Загреб по 14 години?!

Чупиќ го напушта Вардар и се враќа во Загреб по 14 години?!

Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ пред пет години дојде во Вардар и од тогаш е еден од најважните играчи на црвено-црните. Хрватот имаше голем удел во освојувањето на двете европски титули во 2017 и 2019 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од вчера Чупиќ на големо се поврзува со заминување од Вардар и тоа во редовите на ППД Загреб, најави „Хендбол-Планет“. Неодамна се пишуваше дека Чупиќ има понуда од Кил, меѓутоа тогаш Чупиќ изјави дека ќе остане во Скопје до крајот на сезоната, а потоа ќе реши што понатаму.

„Хендбол-Планет“сега објави дека Чупиќ веќе потпишал тригодишен договор со Загреб каде што играше пред 14 години. Во Загреб Чупиќ би преминал на крајот од сезоната.

Кариерата Чупиќ ја започна во Метковиќ. Потоа играше за Загреб, па Октавија Полотес, Горење Велење, Рајн Некар Левен, Виве Кјелце и Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…