Дома Фудбал Останато Пет тренери се во игра да го наследат Лампард

Пет тренери се во игра да го наследат Лампард

Челзи на почетокот од сезоната потроши многу пари за да доведе засилувања, но нивната игра во досегашниот дел од сезоната не ги радува премногу навивачите.

Свесен за тоа е и Френк Лампард, тренерот на Челзи кој многу лесно би можел да остане без работа ако неговата екипа продолжи да бележи лоши резултати.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Абрамович има листа од пет имиња како потенцијални наследници на Лампард.

Прв на листата е Томас Тухел кој долго време се поврзува, а сега конечно би можел да добие шанса да работи во Англија. Тука е и Масимилијано Алегри, па Ралф Хаснхутл, Брендан Роџерс и тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …