Дома Фудбал Репрезентации Ибрахимовиќ ќе игра на Европското првенство!

Ибрахимовиќ ќе игра на Европското првенство!

Златан Ибрахимовиќ после пет години би требало да се врати во репрезентацијата на Шведска, тврди „Газета дело Спорт“.

Селекторот на Шведска, Јане Андерсон во изминатите месеци и зборуваше на оваа тема.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


„Она што си го кажавме со Златан останува меѓу нас. Ако Златан сака да се врати прво ќе мора да зборува со мене“, изјави Андерсон во ноември.

Во меѓувреме првиот чекор го направил Ибрахимовиќ, постигнат е договор и доколку биде спремен Ибра ќе игра Европското првенство, ова го тврди реномираниот италијански медиум „Газета дело Спорт“.

Ибра има 39 години и од поодамна влезе во залезот на кариерата, но со оглед на тоа колку добри настапи прикажува во дресот на Милан јасно е дека би бил големо засилување за Шведска на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Храбрата Турција не издржа: Холандија со пресврт закажа полуфинале со Англија! 🎥

Oдигра храбро Турција и остави добар впечаток, но сепак Холандија е последниот полуфиналис…