Дома Актуелно Кого Реал ќе доведе во јануари? Зидан беше јасен

Кого Реал ќе доведе во јануари? Зидан беше јасен

Се ближиме до јануарскиот преоден рок и многу клубови ќе сакаат да го освежат својот тим во исклучително тешката сезона.

Реал Мадрид секогаш се поврзува со големи ѕвезди и квалитетни фудбалери, но судејќи според тврдењата на Зидан на денешната прес-конференција нови имиња во Реал нема да има.

„Ќе ги зачуваме парите ништо друго. Ситуацијата е комплицирана. Нема да бараме нови играчи“, изјави Зидан.

Беше запрашан и за најавите за формирање на новата европска Суперлига.

„Најважно е секој клуб да го избере тоа што е најдобро за него. Ние сме сконцентрирани на играта на теренот и ќе го играме натпреварувањето кое мора да го играме. Тоа е нешто што во овој момент не е реалност и затоа не сакам премногу да трошам зборови на тоа“, заклучи Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …