Алехандро Гомез би можел веќе во јанаури да ја напушти Аталанта поради расправијата со тренерот Гасперини.
Гомез веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи на Аталанта и многумина беа изненадени што претходните натпревари ги почнуваше од клупата за резерви. Набрзо кога се појави вест за големата расправија која ја имал со Гасперини стана јасно во што е работата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гасперини не сака така лесно да помине преку тоа што Гомез не ги послушал неговите наредби и не сакал да игра на позицијата која тој му ја одредил. Поради тоа тешко е да се очекува дека ќе видиме помирување помеѓу двете страни. Заминувањето на Гомез во овој момент изгледа како многу реална опција.
Според информациите од Италија, Аталанта за него ќе постави цена од 15 милиони евра и сигурно нема да има проблем да го продаде, за Гомез интерес веќе покажаа најголемите италијански клубови. Се шпекулира дека најблиску е Милан.
„Кориере дело Спорт“ денес објави дека Гомез сака да оди во Милан затоа што верува дека ќе се вклопи во формацијата на Стефано Пиоли. Токму поради формацијата наводно ја одбил понудата од Интер.
Исто така тука е финансискиот аспект, Аталанта и Милан полесно можат да се договорат. „Росонерите“ претходно на Аталанта го позајмија Калдара со опција за откуп на неговиот договор за 15 милиони евра па така само би можеле да направат размена на играчите. Дали тоа ќе се случи останува да видиме.