Дома Фудбал Останато „Го сакам Мбапе и начинот на кој игра, но никогаш нема да можеме да го доведеме“

„Го сакам Мбапе и начинот на кој игра, но никогаш нема да можеме да го доведеме“

Првиот човек на Баерн Карл Хајнц Румениге порача дека неговиот клуб никогаш нема да може да го доведе Килијан Мбапе.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ѕвездата на ПСЖ важи за еден од најдобрите фудбалери во светот. Најдобрите фудбалски години се пред него, но ретки се клубовите кои можат да си го дозволат. Баерн не е помеѓу нив, потврди Румениге.

„За жал, неговиот трансфер во Баерн е невозможен. Го сакам Мбапе и начинот на кој игра, но никогаш нема да можеме да го доведеме во Баерн“, истакна Румениге.

Ќе потсетиме ПСЖ за Мбапе на Монако му плати цена од 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Синот на Карло Анчелоти има големи планови: Прво Светско со татко му, па можеби и Милан…

Одбројувањето до Светското првенство во Мексико, Канада и САД веќе започна. Едно од клучни…