ФИФА во четвртокот ќе ја додели на наградата „Тhe Best“ за најдобар играч во претходната година, а многумина веруваат дека тој трофеј треба да го освои Роберт Левандовски.
Левандовски игра навистина неверојатно во дресот на Баерн во последно време, а посебно импресивен беше на почетокот на минатата сезона. Покрај него во борба за оваа награда останаа Лионел Меси и Кристиано Роналдо.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Меѓутоа не мислат сите дека Левандовски треба да биде избран за најдобар. Во центарот на вниманието се најде изјавата на легендарниот напаѓач на Интер Кристијан Виери.
Според него Левандовски не е најдобар напаѓач во светот, туку тоа е Ромелу Лукаку.
„Ако Лукаку игра за Баерн ќе постигне ист број на голови како и Левандовски. Но, ако Лева игра за Интер не сум сигурен дека ќе постигнува голови како Лукаку. За мене тој е најдобриот напаѓач во светот во овој момент. Се споменува и Хари Кејн, сепак Лукаку е пред сите“, порача Виери.