Дома Останати „Џошуа – Фјури? Тој меч ќе биде најголемиот во светот на боксот“

„Џошуа – Фјури? Тој меч ќе биде најголемиот во светот на боксот“

Британскиот боксер Ентони Џошуа го нокаутираше изминатата вечер Кубрат Пулев и на тој начин ја задржа титулата светски шампион во три верзии, а светот по оваа броба зборува за нова Џошуа – Фјури, таа борба би го дала неприкосоновениот шампион.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За тоа после победата на Џошуа зборуваше и промотерот Еди Херн кој е и повеќе од заинтересиран за оваа борба.

„Многу се зборува за оваа борба, но Ентони е во право – не треба да се зборува толку многу, треба да се работи на организација на тој меч. Ентони сака да стане неприкосновен шампион. Тоа е единствената борба која во овој момент е важна за боксот. Најголемата можна, најголемата во историјата на британскиот бокс“, изјави во овој момент највалијателниот светски промотер на бокс-мечеви.

Џошуа после победата има скор од 24 победи (22 со нокаут) и еден пораз во професионалните борби, а шампион е во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО. Од друга страна Фјури е ВБЦ шампион и непоразен во својот 31 меч  во професионалниот ринг – има 30 победи и едно реми против Вајлдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…