Дома Видео Урнебесно: Тренерот на Дортмунд не знаеше колку голови постигнал Халанд

Урнебесно: Тренерот на Дортмунд не знаеше колку голови постигнал Халанд

Борусија Дортмунд во гости ја победи Херта со 2:5, а главен актер на натпреварот беше Ерлинг Халанд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвежанецот во второто полувреме од 47. до 79. минута постигна четири погодоци и уште еднаш потврди дека е вистинска гол машина.

Лусиен Фавре својот најдобар играч од игра го извади во 85. минута, а во таа прилика Халанд мораше да му објаснува колку голови постигнал.

„Да бидам искрен, тренерот ме праша колку голови постигнав. Тој не знаеше. Ме праша дали постигнав три гола, а јас му одговорив: ‘Само четири, бидејќи ме замени.’“ – објасни Халанд после натпреварот.

Оваа сезона Халанд во сите натпреварувања постигна 15 погодоци, од кои 10 постигна во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ерата на Дидие Дешан заврши: Франција веќе доби нов селектор

Франција синоќа испадна во полуфиналето на Светското првенство откако Шпанија успеа да поб…