Дома Топ вести Зидан лично му се јавил на Алаба, сака да го донесе во Реал

Зидан лично му се јавил на Алаба, сака да го донесе во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан лично стапил во контакт со играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба за да му предложи да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, пренесува „Кикер“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Австрискиот репрезентативец влезе во последната година од договорот, а преговорите со Баерн за продолжување на соработката се прекинати во моментов.

Баварците не се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања, па ги прекинаа преговорите и Алаба ќе си замине како слободен агент на крајот на сезоната.

Зидан сака да го донесе во Реал, бидејќи Алаба може да игра на повеќе позиции во тимот и може и може да биде замена за Серхио Рамос.

Меѓутоа, Реал смета дека бараните 20 милиони евра годишна плата од Алаба се премногу, па затоа ПСЖ се смета како фаворит за неговиот потпис во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…