Дома Трансфер зона ПСЖ ја отвори вратата за Роналдо: Можеме да си го дозволиме

ПСЖ ја отвори вратата за Роналдо: Можеме да си го дозволиме

Иднината на Кристиано Роналдо е неизвесна, откако италијанските медиуми објавија дека Јувентус е спремен да го продаде Португалецот.

Роналдо има договор со Јувентус до 2022 година, но „бјанконерите“ имаат финансиски проблеми и сакаат да се ослободат од неговата висока плата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На таа тема денес се огласи спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, кој потврди дека францускиот клуб може да си го дозволи Португалецот.

„Денес во фудбалот никој не знае што ќе се случи. Ако утре Роналдо реши да си оди од Јувентус можат да си го дозволат само малку клубови. ПСЖ секако е еден од нив. Треба да сме подготвени секогаш за големи трансфери. Имаме свои приоритети, но постојат и непредвидливи ситуации“, изјави Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…