Дома Фудбал Англија Додека го чекаат Гвардиола да потпише, „граѓаните“ најдоа негов наследник

Додека го чекаат Гвардиола да потпише, „граѓаните“ најдоа негов наследник

Ситуацијата со договорот на Пеп Гвардиола почна да ги загрижува челните луѓе на Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Гвардиола истекува за 8 месеци, а одлуката дали ќе продолжи да ги води „граѓаните“ е целосно во негови раце.

Статегот тврди дека таа тема воопшто не влијае на неговите фудбалери, но ѕвездите на тимот се загрижени бидејќи не знаат под чие водство ќе играат следната сезона.

Од клубот му предложија нов договор и не го притискаат Гвардиола за одлуката, но веќе почнаа да размислуваат за алтернативни решенија.

Наводно веќе се идентификувани двајца тренери кои би можеле да го наследат Гвардиола на „Етихад“. Првиот е Маурисио Покетино, кој е слободен во моментов, а вториот е Јулијан Нагелсман, кој е актуелен тренер на Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покажа почит: Oва е единствениот Аргентинец кој ги испочитува Шпанците на прославата!

Додека аргентинските фудбалери разочараа голем дел од фудбалскиот свет со своето однесувањ…