Дома Фудбал Англија Добри вести за Солскјер пред дербито со Челзи

Добри вести за Солскјер пред дербито со Челзи

Едисон Кавани, Хари Мегваер и Мејсон Гринвуд ќе бидат во групата на Манчестер Јунајтед за утрешното дерби со Челзи во Премиер лигата.

Кавани започна со тренинзи на почетокот на неделата, но го пропушти мечот со ПСЖ бидејќи не беше доволно подготвен.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мегваер и Гринвуд исто така го пропуштија мечот во Париз во Лигата на шампиони поради повреди.

„Знаеме дека ни претстои многу тежок меч против Челзи. Игравме против нив четири или пет пати минатата сезона, па се познаваме многу добро. Треба да ја подобриме формата на домашен терен. Се надевем дека Мегваер, Кавани и Гринвуд ќе бидат спремни за утрешниот меч. Денес имаме последен тренинг на кој ќе одлучам кој ќе го почне натпреварот утре“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…