Дома Фудбал УЕФА ги избра судиите за мечот Македонија – Косово

УЕФА ги избра судиите за мечот Македонија – Косово

Eвропската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди судиите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово.

Овој натпревар како што сите знаеме е од огромна важност, победникот ќе дојде на само една победа од пласман на Европско првенство. Подобриот ќе оди на дуел против победникот од мечот (Белорусија – Грузија).

Правдата на овој натпревар ќе ја дели Дани Мекели од Холандија, а ќе му помагаат Марио Дикс и Хесел Сетестра. Четврти судија ќе биде Алард Линдхот, а во ВАР собата ќе седат Јохем Кампјус и Кевин Блом.

Ќе потсетиме, ова ќе биде првпат во Македонија да се користи ВАР системот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп го скрати списокот: Волтемаде и Бисек отпаднаа за ноемвриските дуели

Германија ќе ги одигра последните два натпревара во групата од Лигата на нации без ниту ед…