Oд УЕФА е потврдено дека Реал Мадрид за одигрување на домашните натпревари го пријавил својот помал стадион „Алфредо Ди Стефано“.
Најтрофејниот европски клуб првите натпревари во Лигата на шампионите во новата сезона ќе ги игра на својот стадион во тренинг центарот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Реал во првото коло од групната фаза ќе игра против Шахтјор на 21. октомври, но место на „Бернабеу“ кое во фаза на реновирање тој ќе се игра на нивниот втор терен.
„Ако Реал Мадрид дојде до нокаут фазата ќе се направи проценка дали ќе може натпреварите да ги игра на тој помал стадион“, соопштија од УЕФА.