Раководството на Интер потврди дека нема скоро никаква шанса Милан Скриниар да го напушти клубот до крајот на преодниот рок.
Познато е дека Интер беше отворен за продажба на Скриниар и водеше преговори со Тотенхем, но двете страни не успеаа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер за слободата на дефанзивецот бараше 60 милиони евра, додека „спарси“ понудија 20 милиони евра помалку.
„Уште пред неколку дена кажав дека еден клуб не контактираше за Скриниар, но бидејќи не добивме задоволителна понуда, Скриниар сигурно останува со нас. Повторувам уште еднаш, тој сигурно останува со нас“, изјави спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио.
Скриниар беше стартер за Интер во вчерашниот натпревар против Беневенто, а воопшто не влезе во игра во првиот меч.