Дома Фудбал Англија Гвардиола: Меси блиску до Сити? Немам потреба да објаснувам

Гвардиола: Меси блиску до Сити? Немам потреба да објаснувам

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола одби да ги коментира информациите дека „граѓаните“ ова лето беа блиску до привлекување на Лео Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато Меси побара да си замине од Барселона, а медиумите тврдеа дека веќе има договор со Манчестер Сити. На крајот Аргентинецот не успеа да го раскине договорот со Барса и остана на „Камп Ноу“.

„Дали Меси беше блиску до Сити? Не мислам дека има потреба да објаснувам за тоа што и како било. Лео одлично ги кажа своите мисли и чувства. Јас немам што да додадам. Тој е играч на Барселона, јас не сакам да зборувам за намерите на други луѓе“, изјави Гвардиола.

Каталонскиот стратег потоа го коментираше трансферот на Тиаго Алкантара во Ливерпул.

„Ние не покажавме интерес бидејќи имаме доволно играчи на таа позиција. Среќен сум што Тиаго доаѓа во Англија, бидејќи овде ќе почувствува еден поинаков фудбал“, заклучи Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…