Тотенхем е силно заинтересирани во своите редови да го донесе напаѓачот на Баер Леверкузен, Леон Бејли.
„Скај Спорт“ пишува дека и фудбалерот е заинтересиран да се пресели во Премиер лигата и веќе му кажал „да“ на Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо потврди дека му е потребен нов напаѓач кој ќе биде резервна опција за Хари Кејн, а се чини дека Бејли е идеално решение затоа што може да игра и на позицијата напаѓач, но еднакво добро се снаоѓа и на крилните позиции.
„Фармацевтите“ за неговата слобода барата 40 милиони евра и токму тоа може да биде проблем за Тотенхем, кој нема голем буџет на располагање ова лето.