Дома Топ вести Милан сака две ѕвезди на Фиорентина: Киеза се поблиску до „Сан Сиро“

Милан сака две ѕвезди на Фиорентина: Киеза се поблиску до „Сан Сиро“

Милан е многу активен на трансфер пазарот и до неговото затварање сака да комплетира уште три големи трансфери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако успеа да го „укарде“ Сандро Тонали пред носот на Интер за 35 милиони евра, сега нова цел на „росонерите“ се двете ѕвезди на Фиорентина, Никола Миленковиќ и Федерико Киеза.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „виолетовите“ не сакаат да го пуштат дефанзивецот, но затоа се отворени за продажба на Киеза.

Договорот на Киеза завршува во јуни 2022 и Фиорентина ризикуваат да го продадат за уште помала сума следното лето.

Поради тоа им соопштиле на „росонерите“ дека се спремни драстично да ја намалат сумата од 60 милиони евра која ја бараа на почеток.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Фиорентина сега го цени Киеза на 40 милиони евра, а трансферот може да биде комплетиран со 20 милиони евра плус Лукас Пакета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…