Денес репрезентативците ги започнаа подготовките за натпреварите со Ерменија и Грузија во новата сезона од Лигата на Нации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Прво го играме натпреварот со Ерменија кој е закажан за 5-ти септември.
На Арената „Тодор Проески“ денес се одржа првиот тренинг во подготовките. Пред тренинзите беа направени и тестови на коронавирус. Сите тестови беа негативни, се чека уште тестот на Дамјан Шишковски кој на собирот се приклучи подоцна.
Столе Димитриевски се очекува да пристигне вечерва.




ФОТО: ФФМ