Дома Трансфер зона Скриниар на продажба, можна е трампа со Тотенхем

Скриниар на продажба, можна е трампа со Тотенхем

Раководството на Интер е спремно да се раздели со дефанзивецот Милан Скриниар ова лето, пренесува новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Скира.

25-годишниот Скриниар оваа сезона не блеска во формација со тројца дефанзивци и поради тоа Интер е спремен да го продаде.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За него силен интерес покажува Жозе Мурињо, па двата клуба би можеле да договорат голема трампа.

„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со Тотенхем и се распрашуваат за 23-годишниот играч за врска Танги Ндомбеле, кој не добива голема минутажа кај Мурињо.

Ндомбеле минатото лето пристигна како големо засилување за 55 милиони фунти, но не се вклопува во формацијата на Мурињо.

Трансфер експертот Ди Марцио тврди дека Интер е спремен да го „жртвува“ Скриниар за да го добие потписот на Ндомбеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…