Дома Трансфер зона Јувентус и Арсенал договорија размена на дефанзивци

Јувентус и Арсенал договорија размена на дефанзивци

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јувентус и Арсенал се пред комплетирање на интересна трампа на дефанзивци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спортскиот директор на „старата дама“, Фабио Паратичи е во Лондон и имал средба со „топџиите“ бидејќи е заинтересиран за десниот бек Хектор Белерин.

Белерин и самиот најави дека сака да ја промени средината, а Арсенал нема да му стои на патот и ќе го пушти во Торино.

За возврат „топџиите“ го побарале Даниеле Ругани, кој е на излезна врата од Јувентус и нема против да се пресели на „Емирати“.

„Скај Италија“ пренесува дека трампата е начелно договорена и во следните денови треба да се договорат последните детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…