Дома Фудбал Лига на шампиони Де Брујне после елиминацијата: Секако морам дома, жена ми е трудна

Де Брујне после елиминацијата: Секако морам дома, жена ми е трудна

Манчестер Сити и оваа сезона нема да игра финале во ЛШ. Граѓаните беа елиминирани од Лион. Французите во четвртфиналето славеа со 3:1.

Кевин Де Брујне испадна голем и во тешкиот пораз. Белгијанецот поради елиминацијата не сакаше да го обвини ВАР за некои одлуки туку едвај чекаше да се врати дома.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ова беше неверојатна сезона која ја завршивме со пораз од Лион. Но, секако морам да одам дома, жена ми е трудна, па моментално само на тоа мислам, на ништо друго.“ – рече Де Брујне.

„Почнавме споро и слабо. За среќа, во вториот дел почнавме да играме подобро, се вративме на 1:1 и се чинеше дека ќе постигнеме втор погодок. Но, примивме два гола и штета е што испаднавме на таков начин.“

„Не видов никакви сомнителни ситуации, па нема на тоа да се вадам. Стрелинг требаше да погоди за 2:2, тогаш веројатно ќе поминевме. Но, тоа е фудбалот, некогаш милиметри го одлучуваат победникот.“ – додаде Де Брујне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…